Околу 480.000 луѓе учествувале на протестите што се одржаа во вторникот низ Франција, на кои повикаа средношколците, соопшти младинската синдикална организација.
Француските власти синоќа соопштија дека на вчерашните протести низ земјата учествувале околу 266.000 луѓе, од кои меѓу 56.000 и 100.000 во Париз, пренесува „Франс 24“.
Францускиот министер за образование, Едуар Жефре, изјави дека вчера не се одржувала настава во околу 200 средни училишта низ Франција.