Бугарија

Падна првата оставка откако новинарка беше насилно турната на тротоар, еве за што се работи (ВИДЕО)

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

По инцидентот со новинарката Соња Колтуклиева, кој се случи вчеравечер пред седиштето на партијата „Прогресивна Бугарија“, Началникот на Националната служба за заштита, генерал Емил Тонев, поднесе оставка, соопшти претседателката Илијана Јотова.

Имено, новинарката Соња Колтуклиева била турната од припадник на обезбедувањето додека се обидувала да постави прашање на претседателката на бугарскиот парламент, Михаела Доцова.

Според сведочењето на новинарката Колтуклиева, претседателката на парламентот не одговорила на прашањето и влегла во службениот автомобил, по што новинарката ја отворила вратата и продолжила да прашува. Припадник на обезбедувањето ја турнал, по што новинарката паднала на тротоарот. Сето тоа е документирано од камерата на снимателот на новинарката.

Според информациите од бугарските медиуми, кај новинарката биле констатирани повеќе повреди, меѓу кои и исчашено рамо, додека постои сомневање за потрес на мозокот.

Инцидентот се случува во пресрет на изборите са претседател на Бугарија закажани за в недела. Во Софија е во тек целодневна жестока дебата за тоа како односот на институциите кон овој случај ќе влијае на исходот.

Најнови вести