Протестите против трошоците за живот одново ескалираа. Илјада лица се уапсени за време масовните демонстрации низ Франција. Судирите меѓу демонстрантите и полицијата продолжија и по завршувањето на главниот протестен марш.
Десетици илјади граѓани учествуваа во мирен протестен марш, кој заврши без поголеми инциденти. По неговото завршување, дел од демонстрантите останаа на местото на собирот, каде што почнаа судирите со полициските сили.
Претходно француските власти потврдија дека за време на протестите две лица се тешко повредени, едното во Клермон- Феран, а другото во Тулуз.
Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез објави дека низ земјата биле распоредени 70.000 полицајци и жандармериски припадници. Нуњез додаде дека имало бројни повици за насилство и грабежи, кои, според него, биле пораки од бунтовниците.
Протестите што првично стартуваа како средношколски, а подоцна и студентски за подобри услови во училиштата, изминатиот викенд прераснаа во насилство откако други групи им се придружија на протестите во голем број градови.