Во Кисела Вода почна првата фаза од реконструкцијата на локалниот пат од мостот во Драчево до ОХИС, во должина од 1.173 метри.
На терен денеска изврши увид градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска.
Во моментов се вршат ископи и се отстранува земјениот материјал, по што ќе следува поставување дробен камен и асфалтирање.

Со проектот се предвидува коловоз широк пет метри и тротоари од двете страни, широки по 1,5 метри. Ќе бидат изградени околу 6.000 квадратни метри нова асфалтна површина и 3.000 квадратни метри тротоари.
Проектот се финансира преку Унгарскиот кредит, во рамките на „Проекти фаза 2“, преку Министерството за транспорт.