Меѓуопштинска соработка

Кисела Вода и Ѓорче Петров ќе соработуваат во превенцијата од детско престапништво

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Градоначалницит на Општина Кисела и на Ѓорче Петров, Бети Стаменкоска Трајкоска и Александар Стојкоски, потпишаа Меморандум за соработка со кој ги обединуваат заложбите за унапредување на превенцијата од детското престапништво и создавање подобри услови за правилен
развој и безбедност на младите.

Партнерството предвидува заедничко планирање, размена на ресурси и анализа на состојбите на терен, со цел градење одржлив модел на превенција што ќе придонесе за поголема безбедност на младите во општините.

,,Преку нашиот Совет за превенција, со
задоволство го ставаме на располагање
нашето досегашно искуство и досега воспоставените практики, со цел да им
дадеме поддршка на колегите од Горче
Петров. Верувам дека со здружени сили, размена на знаења и институционална кохезија градиме побезбедна, посигурна и попросперитетна средина за сите наши
деца”, истакна градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска.

Иницијативата се заснова на принципите на доверба, градење синергија и размена на добри практики кои Кисела Вода успешно ги развиваше во изминатиот период во соработка со училиштата, институциите и граѓанскиот сектор.

Најнови вести