Конго почна со вакцинирање на здравствените работници против ебола во Бунија, епицентарот на најбрзо растечката епидемија на болеста во историјата на земјата. Здравствените работници и другите работници на првата линија се приоритетни за вакцината со
Ервебо (првата одобрена вакцина во светот против ебола) која се покажа како ефикасна во претходните епидемии предизвикани од почестиот сој Заир.
Здравствените власти велат дека Ервебо би можел да понуди одредена заштита за активниот смртоносен вирус Бундибугио, бидејќи двата вируси се поврзани. Но, сеуште се проучува дали вакцината може да ја спречи болеста кај луѓето кои веќе се заразени.
Според податоците, до вчера, Конго регистрираше 7541 потврдени случаи, вклучувајќи 3639 смртни случаи. Епидемијата е концентрирана во покраината Итури и е позната како најсмртоносна од сите 17 претходни епидемии на ебола во земјата.
Светската здравствена организација соопшти дека ебола-вирусот е надвор од контрола и е на пат да ја надмине епидемијата на ебола во Западна Африка од 2014-2016 година, најсмртоносната досега, во која починаа повеќе од 11.000 луѓе, првенствено во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.