Крај на драмата: Србија го раскина договорот со компанијата на Џаред Кушнер

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Србија го раскина договорот со компанијата „Atlantic Incubation Partners LLC“ на Џарад Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, за реконструкција на комплексот на Генералштабот во Белград. Двете страни се откажаа од какви било идни финансиски побарувања.

Договорот за изградба на хотел, казино и станбен комплекс на местото на Генералштабот беше потпишан во мај 2024 година од тогашниот министер за градежништво Горан Весиќ.

Според договорот, владата во Белград имала две години, до мај 2026 година, да ги исполни своите обврски. Во спротивно, инвеститорот можел да бара надомест до 50 милиони евра.

Во 2024 година, владата го одзеде статусот на културно добро на комплексот на Генералштабот. Претходно,
директорите на Републичкиот и Белградскиот институт за заштита
на културните споменици поднесоа оставки, наведувајќи дека врз нив бил извршен притисок затоа што одбиле да го
поддржат отстранувањето на заштитата.

Обвинителството за организиран криминал тврди дека одлуката на владата е донесена врз основа на фалсификуван предлог. Во мај 2025 година, вршителот на должноста директор на Републичкиот институт, Горан Васиќ, призна дека го фалсификувал документот.

Во 2025 година, обвинителството поднесе обвинение против министерот за култура Никола Селаковиќ, секретарката на министерството Славица Јелача и раководителите на двата института, Горан Васиќ и Александар Ивановиќ. Истиот ден беше објавено дека Џаред Кушнер се повлекува од проектот за реконструкција на Генералштабот.

Најнови вести