Паѓаат оставки во РТС: Мања Грчиќ си заминува од функцијата директорка

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Мања Грчиќ поднесе оставка од функцијата генерална директорка на Радио-телевизија Србија, објавија српските медиуми.

Повлекување на Мања Грчиќ доаѓа по барањата на дел од вработените во РТС и кандидатите од студентската листа за оставки и од други членови на раководството, како и од уредниците на информативната програма.

Според српските медиуми, Грчиќ во оставката навела дека одлуката ја донела по внимателно разгледување на околностите во кои во моментов функционира јавниот сервис, а повлекувањето е во интерес на институцијата.

Имено, повеќе од 70 проценти од вработените, за нов директор го предложиле Јован Мемедовиќ, Милица Јањиќ за директорка на маркетингот, а Лидија Георгиев за главна уредничка на Информативната програма на РТС.

Најнови вести