Регионот и натаму мака мачи со пламените јазици- пожарот од Косово се прошири во Македонија

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Беснеат пожари во регионот. Огнена стихија го зафати подрачјето во Босна и Херцеговина, Република Српска и Црна Гора. Густиот чад од големиот пожар во БиХ стигна и до делови од Далмација, каде што видливоста значително е намалена. Во БиХ, хеликоптери на вооружените сили се ангажирани во гаснењето пожари.

И во Албанија пламените јазици веќе неколку дена го отежнуваат секојдневието. Националната агенција за цивилна заштита продолжува континуирано да ја следи ситуацијата низ целата земја, во тесна координација со префектурите, општините и сите структури на системот за цивилна заштита.

Пожарот од косовска страна навлезе и на македонска територија и неколку дена е сè уште активен. Од огнената стигија во повеќето скопски населби се чувствува силен мирис на чад и непријатна миризба.

Најнови вести