ЗДРАВСТВО

Реновиран одделот „Машки 2“ во Психијатриската Болница „Скопје“

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Пуштен во употреба целосно реконструираниот оддел „Машки 2“ во Психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци. За оваа намена Министерството за здравство издвои 300.000 евра.

Министерот Клековски во изјава посочи дека интензивно се работи за да се подобрат нечовечките услови во психијатриските установи. Договорено било преку зголемен основен буџет болницата да има континуирани средства за реконструкција, наместо да чека еднократни интервенции.

Клековски информираше дека Во Негорци се реконструирани сите оддели, на Клиниката за психијатрија во Скопје е завршен дел, а во Бардовци реконструкцијата дел била завршена по што ќе следи “судското одделение“. Најави дека следна се реконструкција е болницата во Демир Хисар.

„Но менталното здравје не е само болница: од минатата година матичните лекари имаат превентивна цел, рано откривање на депресија кај младите, следната година започнуваме со проект за центри за ментално здравје на младите. Колку порано се препознае проблемот, толку помалку луѓе ќе стигнат до болнички кревет.
Им благодарам на раководството и на вработените во болницата, кои со години ја даваат својата грижа во услови што не ги заслужуваат ни тие, ни пациентите.
За секој пациент, секој ден“, истакна Клековски.

Најнови вести