Здравство

По нешто помалку од 20 години се подготвува нов Закон за лекови

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

По речиси две децении, се подготвува нов Закон за лековите кој ќе донесе целосно усогласување со европското законодавство, соопшти министерот за здравство Сашо Клековски

Процесот се реализира со поддршка на Светската здравствена организација во Македонија.

Според министерот, со новата законска рамка досегашниот закон од 2007 година се заменува со нов, при што лековите и медицинските средства добиваат посебни закони, а во следната фаза е предвидено и издвојување на посебен закон за фармацевтската дејност.

На консултативниот состанок учествуваа претставници од здруженијата на пациенти, фармацевтските комори, индустријата, експерти и владини претставници.

Најавени се разгледување на сите забелешки, воспоставување посилни механизми против недостиг на лекови, поедноставено пријавување на несаканите реакции, како и план за имплементација со Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД.

„За пациентот, добро уреден систем за лекови значи навреме да ја добие терапијата, да има доверба во нејзиниот квалитет и безбедност и да добие точна информација за нејзината употреба“, посочи министерот Клековски.

Најнови вести