Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска, во рамки на кампањата „Мовембар“ го посети ЗД „Железничар“ и заедно со директорот, Спасе Јанев ја поддржа иницијативата за бесплатни ПСА-тестирања за рано откривање на рак на простата.
-Ноември е месец кога мустаќите се симбол на важна порака: грижата за машкото здравје не смее да биде табу. Превенцијата е најдоброто вложување во здравјето. Грижата за здравјето не е слабост, туку одговорност кон себеси и кон семејството порача Клековски.
На настанот присуствуваа и пратеникот во Собрание, Драган Ковачки, претседателот на Лекарска комора, проф. д-р Никола Јанкуловски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Јовица Андовски и директорот на УК за физикална медицина и рехабилитација д-р Злате Мехмедовиќ.