Министерот за здравство, Сашо Клековски во изјава во врска со сериите на БСЖ вакцината ја информира јавноста дека станува збор за серии бр. 6831 од 22.12.2022 година и серија број 807-1 од 11.12.2023 година. И двете серии се целосно искористени до летото оваа година.
-Во нашата држава нема документирани несакани ефекти поврзани со примена на овие серии. Министерството, заедно со надлежните институции, спроведува дополнителни анализи, а јавноста ќе биде навремено информирана за нивните резултати. Министерството за здравство ќе обезбеди непрекинато продолжување на вакцинацијата со БЦЖ вакцина, во соработка со УНИЦЕФ. Ги повикуваме родителите да продолжат со редовна вакцинација на децата според Календарот за имунизација. Вакцинацијата останува најсигурната заштита за здравјето на нашите деца, потенцираше министерот Клековски.
Претходно минстерството соопшти дека изминатите десет години до МАЛМЕД е пристигната само една пријава за сомнеж на несакана реакција од БСЖ вакцина (во август 2022 година), која се однесувала на појава на апцес на местото на апликација на вакцината, што како реакција е опишано во упатството за употреба на вакцината.
Во Хрватска привремено е суспендирана примената на БСЖ- вакцината што ја примаат новороденчињата за заштита од тешки форми на туберкулоза, откако
годинава биле пријавени четири случаи на ретка несакана реакција која ги зафаќа коските.
По барање на Хрватската агенција за лекови и медицински производи (ХАЛМЕД), дистрибутерот „Медикал интертрејд” ги запре дистрибуцијата и примената на сите серии БСЖ-вакцини од бугарскиот производител „Бул Био НЦИПД Лтд.