Нема договор за платите

Штрајкот во Загреб продолжува

Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ вели дека Градот ги цени работниците на ЗЕТ и Чистота, но дека синдикалните барања се финансиски неодржливи.

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Штрајкот на вработените во ЗЕТ и Загреб Холдинг продолжува и денеска. Вчера јавниот превоз беше речиси целосно во прекин. Покрај јавниот превоз, штрајкот ги опфаќа и комуналните услуги, а особено собирањето отпад и одржувањето на јавните и зелените површини.

Градската администрација и синдикатот не успеаја да постигнат договор за платите.
Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ вели дека Градот ги цени работниците на ЗЕТ и Чистота, но дека синдикалните барања ги смета за финансиски неодржливи.

Синдикатите бараат зголемување платите и склучување нови колективни договори. Синдикатите на ЗЕТ побараа зголемување на базата за 13 проценти, додека синдикатите на Загрепскиот холдинг бараат зголемување од 12 насто. Град Загреб соопшти дека актуелната понуда би значела кумулативно зголемување на платите од околу 14 насто. Градоначалникот Томашевиќ тоа го опиша како три зголемувања од по 4,5 насто. Синдикатите, пак, го оспоруваат начинот на пресметка и тврдат дека дел од зголемувањето било договорено уште со претходниот колективен договор.

Градската администрација ги објави платите на вработените во прртпријатијата. Просечната нето плата исплатена на возачите на автобуси или трамваи во ZET, со бонуси, во јули изнесувала 1.992,12 евра, додека просечната плата на сите вработени во ZET била 1.931,33 евра.
Во Холдингот, возачите во Комуналното претпријатие добиваат просечно 1.851 евро нето, комуналните работници 1.651 евра. Работниците на Градските гробишта секој месец земаат 1.586 евра, градинарите 1.574 евра, а работниците во патиштата на Загреб добиваат 1.545 евра.

Најнови вести