Соединети американски држави

Стивен Милер е новиот шеф на кабинетот во Белата куќа

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Американскиот претседател Доналд Трамп го именуваше Стивен Милер за нов шеф на кабинетот во Белата куќа на местото на Сузи Вајлс.

Сузи Вајлс ја извршуваше позицијата од почетокот од мандатот на Трамп и сега се префрла во политичкиот оперативен систем на американскиот претседател.

Стивен Милер важи за главен архитект на строгата имиграциска политика. Промената доаѓа само неколку дена откако републиканците претрпеа убедлив изборен пораз на конгресните избори, на кои демократите освоија контрола врз двата дома на Конгресот.

(Official White House Photo by Daniel Torok)Фото: Бела Куќа

Милер е заменик-шеф на кабинетот за политика и советник за внатрешна безбедност од 2025 година, а беше и виш советник на претседателот и директор на тимот за пишување говори за време на првиот мандат на Трамп.

Најнови вести