РЕАГИРАА СТУДЕНТИТЕ ЗА УПАДИТЕ ВО МЕДИУМИ И ИНСТИТУЦИИ: Сега е важно да останеме достоинствени и одговорни

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Студентите се огласија преку официјалниот профил на Фејсбук, откако имаше упад во српски информер и уште неколку институции.

-Ги разбираме среќата, емоциите и потребата, по сè што поминавме, конечно да се прослави победата. Но, сега е важно да останеме достоинствени и одговорни.

Не поддржуваме упади во медиуми и институции, ниту повикуваме на такво нешто. Медиумите ќе ги ослободуваме во Собранието, преку институционална борба за слобода и професионално новинарство.

Ги молиме сите граѓани вечерва, по завршувањето на прославата на Славија, мирно да се разотидат и да се упатат кон своите домови.

Победата ја извојувавме заедно, да го зачуваме нејзиното достоинство!, порачаа студентите.

Најнови вести