Министерството за надворешни работи и трговија, на јавен оглас бара 16 практиканти, кои ќе имаат можност да стекнат работно искуство во институцијата. За практикантите предвиден месечен паричен надоместок, рокот за пријавување е 15 октомври.
На огласот можат да се пријават студенти на додипломски и постдипломски студии, македонски државјани, невработени, на возраст до 30 години. Кандидатите треба да познаваат англиски јазик најмалку на ниво Б1, додека познавањето втор странски јазик ќе се смета за предност.
Можност за пријавување имаат студенти од повеќе области, меѓу кои политички науки, меѓународни односи, право, економија, менаџмент, информатика, телекомуникации и кибер безбедност.
Практикантите ќе работат по четири часа дневно, од понеделник до петок, односно вкупно 20 часа неделно.
За пријавување потребни се кратка биографија, потврда за редовен студент, доказ за познавање англиски јазик и пријава. Документите можат да се испратат електронски на sucr@mfa.gov.mk, да се достават во архивата на Министерството или по Пошта.