Муцунски на средби со македонската дијаспора во Варшава

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста и 35 години од историската одлука за самостојност, министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски ја посети македонската Амбасада во Варшава и оствари средби со претставници на македонската дијаспора.

Фото: mfa.gov.mk

,,Овој јубилеј не потсетува дека независноста не е само историски чин, туку и секојдневна одговорност — да градиме силни институции, да ја чуваме слободата и да создаваме подобра иднина. Нашата дијаспора е важен дел од таа иднина – мост што ги поврзува луѓето, искуствата и можностите. Да го чуваме јазикот, традицијата и заедништвото, но и заедно да ја градиме иднината”, истакна Муцунски.

Фото: mfa.gov.mk

Најнови вести