Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, побара од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство итно да утврдат законски механизам со кој Општината ќе може да ја координира акцијата за отстранување на добитокот од улиците и имотите на граѓаните.
Градоначалникот Митовски посочи дека граѓаните предолго трпат материјални штети, а правосилните и извршни решенија за одземање на добитокот, кои постојат повеќе од две години, се уште не се целосно спроведени.
Градоначалникот посочи дека со префрлање на одговорноста меѓу институциите нема да се дојде до конкретен резултат и повика на заедничко постапување.
Состојбата во Крива Паланка во
изминатите два дена привлече внимание на медиуми од најмалку 15 земји. Градоначалникот Сашко Митовски реагира дека, додека веста се шири низ светот, граѓаните и натаму се соочуваат со последици и ги бројат штетите.