Заловени 96 крави во Крива Паланка, жителите за во сабота најавија протест

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Агенцијата за храна и ветеринарство објави дека досега се заловени 96 крави во Крива Паланка, во рамки на активностите за справување со проблемот со добитокот кој неконтролирано се движи низ општината. Од АХВ велат дека активностите продолжуваат и покрај сериозните предизвици на терен, меѓу кои се непристапните локации и опструкциите од поранешните сопственици на животните.

Агенцијата за храна и ветеринарство нагласува дека активно работи на изнаоѓање долгорочно и одржливо решение, преку координација со надлежните државни институции и локалната самоуправа.

Жителите на Крива Паланка во сабота објавија дека излегуваат на протест поради проблемот со кравите кои неконтролирано се движат низ градот. Во
повикот за протест се наведува дека ќе се блокира магистралниот пат, со почеток во 11 часот.

Најнови вести