По повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство, 27 Октомври, Кинотеката организира промоција на блуреј-изданието на македонскиот филм „Македонска крвава свадба“ (1967) во режија на Трајче Попов.
Филмот беше дигитализиран во 2025 година во рамките на проектот „Сезона на филмски класици“, поддржан од програмата „Креативна Европа – МЕДИА“ на Европската Унија. Промоцијата ќе се одржи во 12 часот во кинотечното кино.
Истиот ден, во 20 часот, ќе биде прикажан филмот „Тетовирање“, по повод 35 години од неговата премиера и 80 години од раѓањето на актерот Мето Јовановски.
Со овие активности, Кинотеката го истакнува значењето на заштитата, зачувувањето и достапноста на македонското аудиовизуелно наследство.