Вечерва музичко талент шоу за најмладите во Ѓорче Петров

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Суперхероите се подготвени за сцена, а децата ќе бидат дел од спектаклот!

Спајдермен, Супермен, Бетмен, Супер Марио и кловнот Боби ќе нè поведат низ интерактивна музичка авантура исполнета со песна, танц, смеа, изненадувања и многу забава.

Но ова не е само претстава – низ игра и дружење, најмладите ќе научат колку се важни чесноста, фер-играта, тимскиот дух, храброста и меѓусебната поддршка.

Почетокот е закажан за 18:00 часот во Реонски парк Ѓорче Петров – амфитеатарот кај Тинекс.

Донесете ги најмалите и бидете дел од една вистинска музичка и театарска магија под отворено небо, стои во најавата за настанот.

Најнови вести