БРАВО: Исчистени 905 метри кубни отпад од диви депонии во Скопје (ФОТО)

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Скопје ја продолжува акцијата за чистење на градот. Изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршиле целосно расчистување и рачно миење на целокупниот простор под Камениот мост во Скопје.

Од јавното претпријатие наведуваат дека во овој период, биле отстранети и вкупно 905 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад, 190 кубни метри, е расчистено во општината Ѓорче Петров.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена- Скопје изминатата недела изготвила 25 записници за физички и правни субјекти коо го прекршиле Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 10, биле врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Продолжила и замената на старите и дотраени контејнери со новите садови наменети за одлагање на комуналниот отпад. Во моментов се заменети 700 контејнери.

Најнови вести