Судири со полицијата, палење полициски возила и грабежи на продавници беа пријавени низ неколку градови во Франција. Демонстрантите фрлаа разни предмети и пиротехнички средства кон полицајците кои одговорија со солзавец. Организаторите на протестите велат дека имало околу 800.000 луѓе низ целата земја. Голем дел од собирот бил мирен, но во неколку градови групи маскирани демонстранти се судриле со полицијата и предизвикале голема материјална штета, Владата преброја над 550.000 учесници. Бројката на уапсени се искачи на над 1200 лица.
Еден од најсериозните инциденти се случи во Лимож, град во централна Франција, каде што маскирани демонстранти го нападнаа градското собрание и го запалија. Градското собрание на Лимож е историска зграда отворена во 1883 година и е заштитена како историски споменик од 1975 година. Според извештаите од местото на настанот, стотици луѓе го гледале пожарот, а вработените во градската власт биле потресени од сцените.
Според извештај на АФП, насилството избувнало кон крајот на протестот на кој присуствувале неколку илјади луѓе. Демонстрантите прво запалиле возило на општинската полиција пред градското собрание, потоа скршиле прозорци, влегле во зградата и ја запалиле нејзината внатрешност.
Според информациите толпата напаѓаше полициски возила во областа Република (République) во Париз
Според поседните податоци што доцна синоќа ги соопшти францускиот министер за вооружените сили, Себастијан Лекорну, при вчерашните протести, организирани под мотото „млади и жолти“, ширум Франција биле уапсени најмалку 1.200 лица.
Истовремено, во немирите за време или по протестите биле повредени околу 150 француски полицајци.
Млад маж останал без рака по експлозија на мала експлозивна направа во Сент Етјен, град во југоисточна Франција, соопшти градоначалникот Режис Жуанико на социјалните мрежи.
„Ваква трагедија никогаш не смееше да се случи“, додаде градоначалникот.