масовни протести во албанија

(ВИДЕО)Продолжува хаосот на улиците во близина на центарот на Тирана: Рама ја откажа посетата на Виена

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Продолжува хаосот на улиците во близина на центарот на Тирана. Откако полицијата ги растера од булеварот „Дешморет е Комбит“, демонстрантите се преместија на булеварот „Зогу и Паре“.

Некои од нив ги искршиле стаклата на приватни деловни објекти, додека на истиот булевар демонстрантите запреле и амбулантно возило за да проверат што превезува, јавува Еуроњус Албанија.

Исто така, биле запалени контејнери за отпад и поставени на средината на улицата.

Во меѓувреме демонстрантите почнале да се собираат на плоштадот „Скендербег“.

Откажана посетата на Еди Рама на Виена

Официјалната посета што албанскиот премиер Еди Рама ја имаше планирано за понеделник, 19 октомври, во Виена, Австрија, е откажана од албанска страна.

Веста ја објави австрискиот портал OTS.at, според кој предвидената средба меѓу албанскиот премиер и австрискиот сојузен канцелар Кристијан Штокер нема да се одржи.

Беше предвидено Рама да биде пречекан со воени почести од австрискиот канцелар, во рамки на официјалната посета на Виена.

Откажувањето доаѓа во период на високи тензии во Албанија, каде што протестите продолжуваат веќе шест дена. За време на протестите се регистрирани судири со полицијата, како и напади со камења и молотови коктели врз институции, банки и приватни деловни објекти.

Најнови вести