ЈП „Лајка”

Во септември, заловени 172 бездомни кучиња во Скопје

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

ЈП „Лајка” информира дека во текот на септември заловиле 172 бездомни кучиња во Скопје, од кои 124 се стерилизирани/кастрирани, 44 се вдомени, а 105 се вратени на локацијата каде биле заловени.

Во Општина Аеродром биле заловени 25 кучиња. Од подрачјето на Општина Бутел биле заловени и третирани вкупно 39 кучиња, во Општина Гази Баба – 18 кучиња, во Општина Ѓорче Петров 15 кучиња.

Од подрачјето на Општина Карпош биле заловени и третирани 24 кучиња, а тимовите на ЈП ,,Лајка” заловиле и третирале 29 кучиња од територијата на Општина Кисела Вода.

Од различни локации на територијата на Општина Центар биле заловени и третирани вкупно 23 кучиња, додека од територијата на Општина Чаир, две кучиња.

Во септември, ЈП ,,Лајка” за првпат ја организирале теренската работа со четири екипи за заловување, со активности во проширен временски период од 05:00 до 20:00 часот.

Најнови вести