Прелиминарните резултати од вонредните парламентарни избори во Србија покажуваат дека СНС и Александар Вучиќ победиле само во три од вкупно 29 градови во Србија. Тоа се Врање, Лесковац и Прокупље.
Така, во Врање СНС, освоиле 53,19 отсто од гласовите, додека Студентската листа добила 41,21 отсто.
Во Лесковац резултатот бил неизвесен, па СНС освоила 49,25 отсто, додека Студентската листа добила 44,72 отсто.
Во Прокупље соодносот изнесува 52,74 наспроти 42,84 отсто во корист на СНС.
Во сите останати градови победила Студентската листа.