Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа на Студентската листа во Србија, порачувајќи дека граѓаните „го кажаа своето“ и дека за Србија сега може да започне ново поглавје.
Таа се осврна на речиси двегодишните протести, истакнувајќи дека граѓаните излегле на изборите во историски голем број.
„Србија го кажа своето. По речиси две години протести за демократија, владеење на правото и борба против корупцијата, граѓаните на Србија излегоа на изборите во историски голем број“, порача Кос.
Во продолжение, таа ѝ ја честиташе победата на Студентската листа.
„Честитки до Студентската листа за победата! Токму тоа се вредностите што се наоѓаат во самото срце на нашата Европска унија“, наведе таа.
Кос порача и дека по изборите се отвора можност за нова фаза во односите меѓу Србија и Европската унија.
„За Србија може да започне ново поглавје. Вратите на Европската унија се отворени.“