Загина мотоциклист кај Крива Паланка, удрил во банкина

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Тешка сообраќајна несреќа со трагичен исход се случила вчера попладне на патот Куманово- Крива Паланка, во атарот на селото Градец.

Според информациите, мотоцикл со неготински регистарски ознаки, управуван од М.Н. (50) од Неготино, удрил во банкина.

Од здобиените повреди, 50-годишниот мотоциклист починал на самото место.

Несреќата била пријавена во ОВР Крива Паланка, а увид на местото извршила полициска екипа.

Се очекува надлежните да ги утврдат околностите под кои дошло до трагичната сообраќајна несреќа.

Најнови вести