Финансискиот сектор во Србија е сигурен, ликвиден и добро капитализиран, соопшти денеска Здружението на банки на Србија.
Според Здружението, Алта Банка е поединечен случај што не влијае врз работењето на другите банки во земјата.
За одлуката на Народната банка на Србија да и ја одземе дозволата за работа на една банка, велат дека одлуката е донесена со цел да се заштитат клиентите и да се зачува довербата во финансискиот систем.
Здружението на банки на Србија уверува дека граѓаните можат да бидат сигурни дека финансискиот систем продолжува да функционира непречено, со сите расположливи механизми за заштита.
Управниот одбор на Здружението ги повика граѓаните и медиумите да ги следат информациите за случајот преку официјални и релевантни извори. Од таму најавуваат дека ќе продолжат да придонесуваат за транспарентно информирање на јавноста и размена на информации меѓу банките-членки.