Во собраниската Комисија за финансирање и буџет придолжува амандманската расправа за вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година. За предлог- измените во второ читање се поднесени 124 амандмани.
Со корекциите, буџетските приходи се проектирани на 374,2 милијарди денари, што претставува намалување за околу 5,3 милијарди денари во споредба со претходниот план. Истовремено, расходите се предвидени на 420,5 милијарди денари.
Буџетскиот дефицит останува непроменет и изнесува 46,3 милијарди денари, односно 4,1 процент од бруто – домашниот производ. Најголемите промени кај приходите се однесуваат на даноците и акцизите. Очекуваните приходи од акцизи се намалуваат од 34,1 на 30,4 милијарди денари поради намалувањето на акцизите за бензините и дизелот, мерка чија цел е да се ублажи влијанието на поскапувањето на горивата врз граѓаните и стопанството.
Истовремено, се предвидуваат дополнителни средства за социјално ранливите категории и здравствените услуги, а продолжува и поддршката за општините и локалната инфраструктура.