Заврши снимањето на долгометражниот игран филм „ЈУГОСЛАВИЈА, МОЈАТА ТАТКОВИНА“ (JUGOSLAVIJA, MOJA DEŽELA), по сценарио и во режија на Горан Војновиќ и Александар Поповски.
Филмот е во продукција на Арсмедиа од Словенија, а македонски копродуцент е Кино Око.
Филмот се снимаше во Словенија, Хрватска, Австрија, Босна и Херцеговина и Србија. Продуцент на филмот е Боштјан Иковиќ (Арсмедиа), а македонски копродуцент Роберт Насков (Кино Око). Директор на фотографија е Милош Срдиќ, сценограф Наташа Рогељ, костимограф Јелена Проковиќ, маскер Горан Игњатовски, композитор Кирил Џајковски, монтажер Александар Станоjевиќ а дизајнер на звук Боштјан Качичник.
Главните улоги ги толкуваат Матевж Слуга, Клара Кук, Наташа Барбара Грачнер, Игор Самобор, Драган Мичановиќ, Зоран Цвијановиќ, Изудин Бајровиќ и други регионални актери.
Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија.