Холивуд

Се ожени познатиот актер Џим Кери

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Американскиот актер Џим Кери се ожени со својата партнерка Мин Ах на приватна церемонија во Лос Анџелес.

Ова е трет брак на 64 годишниот Кери. Актерот и 32 годишната Мин Ах, првпат беа фотографирани заедно во 2022 година, а официјално се појавија како пар на 26 февруари на доделувањето на наградите „Цезар” во Париз.

Кери претходно беше во брак со Мелиса Вомер од 1987 до 1995 година – со која ја има ќерката Џејн – и со актерката Лорен Холи, негова партнерка во филмот „Глупавиот и поглупавиот“ (Dumb and Dumber). Во ергенската кариера, актерот бил во врски и со Џени Мекарти, Рене Зелвегер, Линда Ронстат и Џенуари Џонс.

Најнови вести