Избор на шеф на ојо гокк

Савески: Сите пет кандидати се докажани професионалци

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Републичкиот обвинител Савески гласаше на изборите за нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Во изјава за медиумите оцени дека сите кандидати за раководител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се докажани професионалци и кој и да биде избран, нема да биде погрешен избор, оцени државниот јавен обвинител Ненад Савески.

Тој истакна дека е значајно што самите јавни обвинители одлучуваат кој ќе раководи со ова обвинителство.

„Се надевам дека направениот избор ќе биде јавен обвинител кој ќе одговори доследно на задачите што стојат пред него“, изјави Савески.

Тој очекува со идниот раководител да придонесат за јакнење на довербата во обвинителството и за ефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата.

Во трка за оваа функција се пет кандидати

Најнови вести