Македонскиот народен театар (МНТ) на 5 ноември ќе го отвори 22. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора, со претставата „Страв и надеж“, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат.
Во претставата настапуваат Сашко Коцев, Сашка Димитровска, Александар Микиќ, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.
МНТ со ова гостување ќе ја отвори фестивалската програма, која годинава се одржува под слоганот „Да играме со срце“ и ќе трае до 10 ноември.
По изведбата е предвиден разговор со актерската екипа, на кој публиката и новинарите ќе имаат можност да се сретнат со актерите и да ги споделат своите впечатоци за претставата.
Учеството на меѓународниот фестивал во Никшиќ претставува можност за промоција на Македонскиот народен театар надвор од земјата, како и за афирмација на македонската театарска и актерска уметност на меѓународната сцена.