Синоќа во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.М.(18) од Скопје, поради учество во тепачка пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, за време на одигрување на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на КК „Скопје 2023“ и КК „Работнички“.
Според пријавата, М.М., како член на навивачката група „Фемили Аеродром“, повикувал, поттикнувал и учествувал во тепачка, во која група од околу 30 навивачи на „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на КК „Работнички“, кои чекале да влезат на спортскиот натпревар.
Притоа, 16-годишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.
СВР Скопје објави дека презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.