Нови Сад се сеќава на 16. жртвите од трагедијата на железничката станица, кога пред две години се урна настрешницата и однесе 16 човечки животи.
Денеска на улиците во нивна чест излегоа илјадници граѓани да им одадат почит.
Настрешницата на железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември 2024 година, во 11:52 часот. Во несреќата на самото место загинаа 14 лица, меѓу кои и четири деца на возраст од шест, 10, 16 и 17 години.
Три лица беа тешко повредени, од кои две подоцна починаа во болница, со што вкупниот број на жртви се искачи на 16. Во трагедијата во Нови Сад животот го загуби и професорот Васко Саздовски од Македонија.