Во кругот на затворот во Велес на 24-годишник му испаднале 193 таблети од џебот

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

На 01.11.2026 во 20:45 часот полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Д.Р.(24) од Велес. Тој бил забележан во кругот на Казнено – поправна установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес, при што од џеб му паднале 193 таблети, кои биле пронајдени и одземени.

Д.Р. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести