влада

Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком: Дигиталната трансформација и технолошки развој се стратешки приоритети на Владата

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари работна средба со раководството на Дојче Телеком, на која се разговарало за можностите за продлабочување на соработката и нови инвестиции во дигиталната трансформација на Македонија, соопштија од Владата.

На средбата, Мицкоски ја предводел  владина делегација во состав на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски.

Од страна на Дојче Телеком присуствуваа главниот извршен директор Тимотеус Хетгес и членот на Управниот одбор и главен извршен директор за Европа, Доминик Лерој.

Фото: vlada.mk

Во фокусот на разговорите биле можностите за инвестиции во современи технологии во медицината и инженерството, унапредување на комуникациската инфраструктура, развој на вештачката интелигенција и сајбер-безбедноста.

Биле разгледани и плановите за развој на концептите за паметен и безбеден град, како и зајакнување на безбедноста на државата преку примена на современи технолошки решенија.

На средбата станало збор и за европската конкурентност, безбедноста и дигиталниот суверенитет, како стратешки приоритети за Европа, со посебен акцент на cloud технологиите, индустриската вештачка интелигенција и сајбер-безбедноста.

Како што информираат од Владата, средбата претставува можност за унапредување на соработката со една од водечките европски телекомуникациски компании и отворање нови перспективи за дигиталниот развој на земјата.

Фото: vlada.mk

Најнови вести