Претседателката Гордана Сиљановска- Давкова во Брисел учествува на Самитот за проширување на Европската унија 2026, во организација на Еуроњуз.
На самитот присуствуваат високи европски и регионални политички претставници. Во фокусот на дебатата е процесот на проширување на ЕУ, европската интеграција на земјите кандидати, регионалната соработка и предизвиците со кои се соочува блокот во однос на приемот на нови членки.
Сиљановска-Давкова ќе оствари средби со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и со врховниот командант за Европа генералот Алексус Грегори Гринкевич во Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа во Монс. Предвидени се средби и со претставници на европските институции.