Форумот на жени на ЛДП изразува длабок револт и згрозеност од срамните и мизогини ставови на Петар Богојески, кој ги оправда насилството и контролата врз жените под параванот на „машки надзор“. Ова не е никаква слобода на говор, туку брутална промоција на насилство и шовинизам во кој мажот е господар, а жената објект.
Ниту една жена во Македонија не должи потчинетост или надзор никому – личната автономија и слободата се темел на секое цивилизирано општество!
Поразително е што вакви средновековни сфаќања доаѓаат од коалиционен партнер на премиерот и човек кој образува идни воени кадети. Бараме итна реакција од Министерството за одбрана и Воената академија бидејќи лице кое релативизира семејно насилство нема никаков морален ниту професионален кредибилитет да учи идни офицери.
Ја повикуваме Владата и Собранието веднаш да престанат со кукавичкото молчење и уште денес да го изгласаат Законот за електронска нараквица за демначи и насилници.
Додека вие му давате простор на коалицискиот партнер да се изживува со жените на телевизија, жртвите на семејно насилство секојдневно живеат во страв за сопствениот живот. Насилниците заслужуваат строга казна а не промоција на национална телевизија. Ние нема да молчиме пред вашиот системски шовинизам, соопштија од ЛДП.