Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на мастерс-турнирот во Париз, откако по голем пресврт го совлада Валентан Вашеро од Монако со 2:1 во сетови (6:7, 7:5, 6:1).
Натпреварот траеше два часа и 29 минути, а Ѓоковиќ мораше добро да се помачи за да стигне до победата.
Во првиот сет немаше одземени сервиси, иако Вашеро при резултат 6:5 имаше три сет-топки на сервис на српскиот тенисер. Ѓоковиќ успеа да ги спаси сите три и да избори тај-брејк.
Во продолжението, Ѓоковиќ поведе со 5:4 во тај-брејкот, но Вашеро освои три последователни поени и го доби првиот сет.
Сепак, српскиот тенисер успеа да се врати во мечот, го освои вториот сет со 7:5, а во решавачкиот трет сет целосно доминираше и со убедливи 6:1 го завери пласманот во следната рунда.