Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека на скопскиот аеродром денес пристигнале 400.000 дози вакцини против сипаници кај овците и козите од Република Турција.
Од институцијата посочуваат дека обезбедени се потребните вакцини и ќе се почне со спроведување на итната вакцинација на целата територија на државата, согласно Планот за итна вакцинација одобрен од Европската Унија.
Здравјето на животните и заштитата на сточниот фонд остануваат наш врвен приоритет. Продолжуваме со конкретни мерки и активности во интерес на сточарите и македонското сточарство, додаваат од
АХВ.
Преку 10.000 грла добиток, од кои голем дел превентивно усмртени здрави животни, беа уништени за да се спречи ширењето на болеста и епидемијата да се изолира во најзагрозените источни подрачја на државата.