Мацура и двајца вработени во Алта банка одат во 30 дневен притвор

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Вишиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена на одговорното лице во „Алта банка“, Д. М., осомничен дека со помош на уште две уапсени лица изнел повеќе од 45 милијарди динари од трезорот на банката.

Притвор им е одреден и на директорот на Одделението за трезорско работење и управување со готовина во „Алта банка“, Г. М., како и на соработникот за трезорско работење во „Алта банка“, И. П., соопштија денеска од судот.

На Д. М., Г. М. и И. П. им е одреден притвор поради опасност од влијание врз сведоците и можност во краток временски период да го повторат кривичното дело, додека на Д. М. притворот му е одреден и поради опасност од бегство.

Најнови вести