Приведен Давор Мацура – сопственикот на „Алта банка” во Србија

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“ во Србија, бил приведен ноќеска, по полицискиот претрес во просториите на банката кој траел повеќе од 30 часа.

Претресот почнал во саботата, истиот ден кога Извршниот одбор на Народната банка на Србија и ја одзеде дозволата за работа на банката.

Во последните години, Алта банка
извршуваше некои од најголемите финансиски операции во Србија. Меѓу нејзините најголеми клиенти беа Електростопанство на Србија, преку кое се вршат сите плаќања за електрична енергија, потоа „Паркинг служба” на Белград и Српското здружение на автомобили и мотоцикли.

Се очекуваат детали за обвинувањата за кои се терети бизнисменот.

Најнови вести