ПОВРЕДЕНИ 5 ЛИЦА: Пожар во фабриката на Панасоник

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Пожар избувна на Тајван во фабрика што е филијала на јапонската компанија „Панасоник“ и притоа пет луѓе се повредени, додека две се водат како исчезнати, соопштија денеска официјални лица од округот Хсинчу.

Повредените се пренесени во болница, а пожарот е изгаснат, соопштија локалните власти.

Фабриката на Панасоник каде што избувна пожарот ги снабдува локалните производители со печатени плочки што се неопходни за електронски уреди како што се компјутери и сервери за вештачка интелигенција.

Најнови вести