Сдсм

Мицкоски на екскурзија во Германија додека граѓаните не можат до парите и пензиите заради Алта банка

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Додека во државата е финансиска криза што се заканува на целиот систем, Мицкоски е на екскурзија, велат од СДСМ.

Нема никаде во светот претседател на влада да се шета кога граѓаните не можат до своите пензии, до пари за храна и лекови.

Десетици илјади граѓани и нивните семејства. Пензионери без картички и без можност да користат банкомат, а Мицкоски се шета по Германија, стои во соопштението од партијата.

Додаваат дека лажни приказни, бајки за илјадници нови работни места.

Секојдневни лаги за трета економија, најдобра земја во регионот, најбрзо растечки плати и пензии и останати бајки што ги пишува и црта Мицкоски.

Кога е тешко – го нема Мицкоски. Побегнал од својата работа затоа што знае дека нема што да каже за Вучиќевата банка.

Не може да каже ништо затоа што му дозволи на својот шеф да купи македонска банка и да префрли пари стекнати со криминал и корупција во Македонија. Да отвори своја пералница за пари пред носот на граѓаните на Македонија.

Со денови го нема затоа што нема одговори – како и секогаш, велат СДСМ.

Најнови вести