Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е елиминиран од Мастерсот во Париз, откако во второто коло загуби од Австралиецот Ринки Хиџиката со 2:1 во сетови (2:6, 6:3, 6:3).
Ѓоковиќ одлично го започна мечот и убедливо го освои првиот сет со два направени брејка. Сепак, во продолжението не успеа да направи ниту еден брејк, додека Хиџиката во вториот и третиот сет освои по еден гем на сервис на противникот, што му беше доволно за целосен пресврт.
Натпреварот траеше два часа и 16 минути, а победата претставува една од најголемите во кариерата на австралискиот тенисер.
Хиџиката, кој моментално се наоѓа на 83. место на АТП-листата, во осминафиналето ќе се соочи со Аргентинецот Томас Мартин Ечевери.