Три собраниски комисии на дневен ред во Законодавниот дом

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во Законодавниот дом за денеска се закажани седници на три комисии: Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е разгледувањето на пристигнатите пријави по јавниот оглас за именување член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, како и утврдување предлог-кандидат за оваа функција.

Меѓудругото, на дневен ред се и предлог-одлуки за промени во составот на собраниските комисии, односно избор на нивни претседатели, заменици, членови и заменици-членови.

Ќе се разгледуваат и измени на одлуката за основање пратенички групи за соработка со парламентите на други држави, како и избор на нивните претседатели и членови.

Во меѓувреме, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија на дневен ред ќе го имаат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, во прво читање.

Најнови вести