Три лица, меѓу кои двајца израелски државјани, се обвинети во САД за измама во која, користејќи вештачка интелигенција (ВИ), се претставувале како директори на компании и адвокати со цел да украдат околу 129 милиони долари, соопштија денеска американските обвинители.
Според обвинението поднесено до федералниот суд во Њујорк, Џејкоб Соал (41), Шарон Хазан (54) и Гај Шитрит (42) во период од повеќе од една и пол година таргетирале илјадници компании ширум светот.
Тројцата обвинети се товарат за електронска измама, тешка кражба на идентитет и перење пари, пренесе „Тајмс оф Израел“.